Тројца загинати и 12 повредени во самоубиствен напад на југот на Авганистан


Три лица загинаа, а дванаесет се повредени во самоубиствен напад пред банка во градот Кандахар, упориште на талибанците во јужен Авганистан, изјави портпарол на провинцијата.


-Утринава се случи самоубиствен напад пред банка во Кабул, три лица загинаа, а 12 се ранети.


Жртвите се цивили, изјави Инамула Самангани, шеф на Одделот за информации и култура во провинцијата Кандахар. Цел на нападот, како што додаде, биле луѓе кои дошле да си ги подигнат платите во банката.

Нападот се случил во 08:00 часот по локално време во центарот на голем град на југот на Авганистан, додека муслиманската земја е во Рамазан, месецот на постот.


Талибанските власти брзо ја опколија областа и им забранија на новинарите да фотографираат и снимаат, како што тоа обично го прават.

Безбедносните лица и пожарникарите брзо ја расчистија областа од нападот каде што беа видливи траги од крв, облека, чевли и остатоци.


Бројот на бомбашки напади и самоубиствени напади во Авганистан значително се намали откако Талибанците се вратија на власт во август 2021 година и е релативно безбеден.

Сепак, бројни вооружени групи, особено џихадистите на Исламската држава, сè уште претставуваат закана.


Од почетокот на Рамазан пред две недели во Авганистан беа пријавени бројни експлозии, но Талибанците потврдија само неколку. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА