Breaking News

Тркалезна маса „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“


Тркалезна маса на тема „Пријавување и управување со примени дарови и други погодности: каде сме и што треба да направиме?“ ќе се одржи денеска во организација на Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, а во соработка со УСАИД и Меѓународната фондација за изборни системи.


Воведни обраќања на настанот ќе имаат вицепремиерката Грковска, Jоана Косма директорка на Меѓународната фондација за изборни системи за Северна Македонија и Кјара Бискалди од Делегацијата на ЕУ.


Во рамки на настанот, меѓународната експертка при МФИС, Лиса Клеин, ќе ја презентира споредбената анализа „Правила и процедури за примање и известување за дарови од лица на кои им се доверени високи извршни функции“, а осврт на праксата и ставовите во Северна Македонија ќе дадат Методија Димовски, генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија; Викторија Аврамовска Мадиќ, заменичка на министерот за правда и експертот Драган Малиновски.

ев/са/ .


Извор: МИА