Breaking News

Тркалезна маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“


Во Битола денеска ќе се одржи тркалезна маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“ во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и Europe House Bitola.


Целта на тркалезната маса, како што соопштија одрганизаторите, е да го промовира женското претприемништво пред младите жени, но и да ги вмрежи младите жени со сопственичките на бизниси.


На тркалезната маса најавено е учество на 15 млади жени и пет успешни претприемачки од Битола, Прилеп, Крушево и Могила.

Панелистките ќе ја презентираат пред присутните нивната успешна бизнис приказна, како започнале во бизнисот и со какви предизвици се соочиле. По излагањата ќе се отвори дискусија со присутните.


цр/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА