Breaking News

Трка на деца од градинки во Градскиот парк


– По повод  Меѓународната недела на здравјето, ЈУ Детски културен центар „Карпош“ денеска ќе организира трка во Градскиот парк за деца од градинки, со порака „Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе придонесат за долг и здрав живот“.


Ќе учествуваат деца од градинките од Скопје и околината кои од 11 часот ќе трчаат на тартан патеката во Градскиот парк на 250 метри, во мешана категорија – момчиња и девојчиња.


 -Исто така, ќе се трча и штафетно трчање 200 метри, 4 по 50 метри, соопшти ДКЦ „Карпош“. хс/ев/Фото: Детски културен центар „Карпош“  .

Извор: МИА