Breaking News

Трка ХалкВелоГрин во Маврово во организација на Халкбанк


Халкбанк АД Скопје денеска ќе ја организира четвртата хронометар велосипедската трка ХалкВелоГрин во Маврово која е дел од активностите на банката за  поттикнување здрави животни навики и заштита на природата, кои се реализираат преку платформата ХалкЕко.


-Годинава во Маврово ќе се натпрваруваат, но и ќе се дружат и забавуваат над 200 вљубеници во велсипедизмот кои се пријавија за учество во трката.


Учесниците ќе се натпреваруваат во две основни категории – Хоби и Деца (во машка и женска кокуренција), во рамките на кои се формирани и поткатегории според возраста.

Како и секоја година, ќе се вози патека долга 22 километри во насока Бистра-Леуново-Бистра, односно најмалите натпреварувачи ќе возат 12 километри, до Никифорово и назад, соопшти Халкбанк АД Скопје.


Поради одржување на трката, патот од хотел „Спорт“ преку Никифорово до Леуново, во двете насоки, ќе биде затворен за сообраќај во период од 8. 30 до 14. 30 часот.

Најдобрите велосипедисти во сите категории ќе можат да освојат и вредни парични награди што ги обезбеди Халкбанк – од 15. 000, 10. 000 и 5.


000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата Хоби, во машка и женска конкуренција, односно во категоријата Деца – од 10. 000, 5. 000 и 3. 000 денари.

Паричните награди во категоријата Хоби ќе се исплатат на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.


-Како и секоја година, средствата собрани од котизацијата за учетво во трката, заедно со средства кои ги издвојува банката, ќе бидат икористени за општествено одговорни активности што се спроведуваат во рамките на платформата ХалкЕко, од коишто голем дел се насочени кон зголемување на зеленилото во државата, како во урбаните средини, така и на други локации каде што е потребно, наведува Халкбанк АД Скопје.

Како дел од ваквите акции, по повод 22 Април – Денот на планетата Земја, вработените во Халкбанк годинава засадија голем број нови садници во околината на филијалите на банката во Гевгелија, Струмица, Куманово, Тетово, Ресен и во Велес.

-Претходните години имаше зазеленување во училишни дворови и градинки во повеќе градови во земјата, а се пошумуваа и низа локации, како оние во околината на Свети Николе, изгорените падини во околината на езерото Младост и други.

Преку платформата ХалкЕко досега се засадени повеќе од 33 000 дрвја, наведува банката организатор на трката ХалкВелоГрин во Маврово. Фото: Халкбанк АД Скопје  .

Извор: МИА