Breaking News

Тринаесет лица загинаа во напад во Могадишу


Тринаесет лица загинаа во сомалиската престолнина Могадишу во исламистички терористички напад на групата Ал Шабаб во хотел во близина на претседателската палата, јави ДПА.


Безбедносните сили утрово ја ставија ситуацијата под контрола. Според полицијата, меѓу загинатите има пет терористи, а повредени се над 30 лица, меѓу кои и четворица пратеници.


Бомбаш самоубиец синоќа возел автомобил со експлозив пред зградата. Борците на Ал Шабаб потоа упаднаа во хотелот, кој е многу популарен кај политичката елита на Могадишу.

Хотелот беше цел на неколку напади на Ал Шабаб во минатото, и покрај тоа што се наоѓаше во урбана област со висок степен на безбедност поради неговата локација спроти претседателската палата.


Во последниве години, нападите на Ал Шабаб зачестија околу светиот месец Рамазан, кој започна на почетокот на оваа недела. мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА