Breaking News

Трибина „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“ (во живо)


Трибина на тема „Улогата на младите во зајакнувањето на демократската култура“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.


На настанот се поканети претставници на младинските тела на политичките партии во земјава и претставници на граѓански организации, со цел градење култура на дијалог и демократска атмосфера во пресрет на изборите.


-Преку отворена дискусија учесниците на настанот ќе имаат можност конструктивно да придонесат за поттикнување на проактивна и одговорна улога на младите во општествените процеси и во политичката артикулација на нивните интереси, најави Кабинетот на вицепремиерката Грковска.
Извор: МИА