Breaking News

Трибина и промоција на книгата „Стратешки документи на Комората”


Стопанската комора на Северна Македонија денеска организира трибина и промоцијата на книгата „Стратешки документи на Комората“.


Како што информираат од Стопанската комора, на трибината ќе се дискутира за досегашната имплементација, што досега е направено и што треба да се направи во иднина во однос на стратешките документи на кои се базира книгата.


-Четирите стратешки докумети на кои се базира книгата се: 1) Време е за промена на досегашниот модел на економски развој; 2) Модерна реиндустријализација и структурна трансформација на извозот како фундаментални процеси во забрзување на растот на македонската економија; 3) „Сивиот дел” на македонската економија: големина, импликации, решенија и 4) Декларација за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки.

Модератори на настанот ќе бидат претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и проф. д-р.


Дарко Лазаров, проректор за развој и инвестиции на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип и претседател на Клубот на извозници при Комората, а на трибината ќе учествуваат и дел од коавторите на книгата и долгогодишни соработници на Комората.

фф/мд/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА