Breaking News

Трибина „Безбедност и спорт“ на Факултетот за безбедност во Скопје


Факултетот за безбедност – Скопје денеска со почеток во 13:30 часот ќе одржи Трибина на тема „Безбедност и спорт“ во големиот амфитеатар на факултетот.


Oбраќање на трибината ќе има деканот на Факултет за безбедност, Никола Дујовски и професорката Марина Малиш Саздовска.


Потоа ќе се одржат повеќе дискусии со спортисти и спортистки, помеѓу кои Александар Димитријоски, Анита Халева, Ивана Пројковска, Ивица Јанев и Јасир Алиу. ар/ев/ .

Извор: МИА