Breaking News

Три лица се повредени во вооружен напад на Западниот Брег


Израелските власти денеска соопштија дека три лица се повредени во вооружен напад врз неколку возила на главниот пат на окупираниот Западен Брег.


Израелската армија соопшти дека напаѓачот побегнал и дека е во тек потера. Итната помош извести дека меѓу повредените има и 13-годишно момче.


Тензиите на Западниот Брег се засилија од почетокот на војната во Газа, а израелските сили речиси секоја вечер влегуваат на територијата за да уапсат осомничени екстремисти.

 Во исто време се интензивираа вооружените напади на Палестинците. Од почетокот на војната, Израел уапси околу 3. 600 Палестинци на Западниот Брег, соопшти армијата. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА