Breaking News

Трет саем на социјални претпријатија во Скопје


Трет саем на социјални претпријатија ќе се одржи попладне пред Центарот на социјални претпријатија зад Меморијалот на Мајка Тереза во Скопје.


Саемот ќе почне во 16 часот со изложување на социјалните претпријатија, а ќе трае до 20 часот. Официјалното отворање е во 18 часот.


 – Саемот ќе го отворат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир.

Поздравни говори ќе имаат и амбасадорот на Франција, Сирил Баумгартнер, амбасадорот на Полска, Кшиштоф Грзелчик, Алберт Хани – генералниот секретар на RYCO, Барбара Садовска – тим лидерката на проектот „Поддршка на развојот на социјалните претпријатија“ и Филип Иваноски – управниот директор на „Пакомак“, се наведува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.


бд/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА