Breaking News

Тренчевска: Продолжуваме со соработката со општините во делот на детската заштита


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска на состанок со градоначалниците го најави повикот за аплицирање за грант за креирање дополнителни места во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти, кој ќе биде отворен до 1 април годинава.


Јавниот повик го имплементира Министерството за труд и социјална политика преку Проектот за подобрување на социјалните услуги и финансиската поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој.


Повикот е во рамки на компонента 2 од проектот – “Проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги” каде се финансираат проекти за креирање на дополнителни капацитети во предучилишните установи преку адаптации на постојни објекти.

       Министерката Тренчевска ги охрабрува сите општини кои се во рурални средини да аплицираат и на тој начин ќе ги опфатат најзагрозените деца кои живеат далеку од градинка.


-Детската заштита останува да биде наш приоритет. Затоа иницираме соработки со локалните самоуправи кои ќе придонесат кон еднакви можности за сите деца, потенцира Тренчевска. ад/сст/фото МТСП     .

Извор: МИА