Breaking News

Тренчевска: Не знам од каде 14 отсто, се разговара за систем за плати


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања денеска рече дека во преговорите за зголемување на платите во јавниот сектор досега не се разговарало за 14 отсто,  како што рекоа вчера синдикалните претставници по седницата на Економско-социјалниот совет.


-Јас не знам од каде 14 отсто кога досега не се разговараше за 14 отсто.


Се разговара за систем за плати којшто ќе одговара на сите, да не заборавиме дека платите на дел од државните службеници беа зголемени во март за 2.

175 денари, тоа зависно, кај некој е 7-8 отсто, кај некој е дури и 16 проценти. Сега во моментов се разговара во рамки на Економско – социјалниот совет да се најде системско решение.


Се работи да најдеме систем кој ќе биде во ред и за синдикатите и за работодавачите, односно и за Владата и за сите, одговори Тренчевска на новинарско прашање, по потпишувањето на Програмата за достоинствена работа Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој  присуствуваше на настанот, повтори дека „инфлацијата која минатата година според официјалните податоци е 14.

2  проценти, треба да биде основниот параметар по кој ќе се пресметуваат платите на вработените во јавниот сектор. Ако имаме предвид дека сѐ се зголемило за 14.


2 проценти, вашите плати автоматски се намалиле за 14.

2 проценти и на тој начин да го елиминираме моментот на губење на куповната моќ и односно работниците да можат да го преживеат месецот, рече Трендафилов.


Тој нагласи дека доколку функционерите утре се откажат од нивните  зголемени плати за 78 проценти секој вработен во јавниот сектор би добил по 1.

500 во нето на неговата сметка, ако тие пари се трансферираат во плати на вработените во јавниот сектор.

 Тренчевска и Трендафилов одговараа и на новинарско прашање околу времетраењето на работната  недела за работниците што ќе бидат ангажирани за проектот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите,  при што министерката посочи дека никаде не пишува дека градежните работници ќе работат 72 часа во континуитет.

– Работното време е 40 часа, со дополнително осум часа најмногу во неделата. За стратешки приоритети, се дозволува, кога дозволуваат временските услови, да се работи над овие 48 часа.

Но, во законот не пишува никаде дека се тоа 72 часа. Тоа зависи од временските услови, од процесот на работа.

Затоа треба да бидеме објективни кога зборуваме за работното време на коридорот 8 и коридорот 10, дека не е 72 часа работно време.

Можеби е над дозволените 48, но не е 72 часа, појасни министерката, нагласувајќи дека ќе се почитуваат законските одредби.  Безбедноста и здравјето на работниците, рече, ќе бидат гарантирани за сите.

 Трендафилов, пак,  изрази жалење што, како што рече, математиката на министерката е друга. -Тоа што го кажува таа избегнува само да каже 72 часа.

Во спротивно се другото го потврди тоа што го велиме ние, дека работниците на тие коридори ќе работат 12 часа, дневно, 12 часа дневно ќе имаат дневен одмор и дека на крајот на неделата ќе имаат 24 часа неделен одмор.

И тоа што министерката заборава да го каже во тој поглед, дека го укинаа правото неделен работен ден. Така што може лесно да се случи да не излезе државниот инспектор на контрола на терен.

На тој начин седум дена да работат по 12, рече тој, потсетувајќи дека во изминатиот период, повеле иницијатива на Уставен суд, токму по ова прашање и паднала одредбата во Основниот закон.

 До крајот на неделата или на почеток на наредната  недела, дополни, со поддршката од професорите која ја добиваме и  од меѓународните организации на трудот, ќе ја поднесеме и новата иницијатива за оспорување на овие одредби спротивни на Устав, на конвенциите на меѓународните организации на трудот, на директивите на ЕУ.

бд/лв/Фото: МИА  .

Извор: МИА