Breaking News

Тренчевска: Еднаквите можности, пристапот до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законода…


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска е во работна посета на Брисел по повод одржувањето на билатералниот скрининг состанок за Поглавје 3.


19 – Вработување и социјална политика, кое е дел од Кластерот 3 Конкурентност и инклузивен раст.


Состанок, како што соопштија од Министерство за труд и социјална политика, почнал со тема „Европскиот столб на социјални права“, на која Тренчевска во своето обраќање говорела за националните клучни реформи и иницијативи, како и за предизвици и идни планови  во однос на 20-те начела на Европскиот столб за социјалните права.

Таа посочила дека овие начела што ја претставуваат Општата стратегија за посилна социјална Европа се интегрирани и се гарантираат во нашиот правен поредок, Уставот и законите.


– Еднаквите можности, пристап до пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност се во сржта на националните политики и законодавство и тие се насочени кон создавање на  праведна и одржлива економија, која ја искоренува сиромаштијата, кон подобрување на  животниот стандард  на граѓаните, а особено на најранливите категории на граѓани, истакнала Тренчевска.

Министерката се осврнала и на областа „Вработување и социјална политика“, што е динамична област и во континуитет се врши усогласување со европското законодавство и практики.


– Подготвивме нов Закон за работните односи, со кој се унапредува правната рамка за заштита на правата на работниците. Законот ќе биде усогласен со европското право  и меѓународните трудови стандарди.

Овој закон се подготвуваше низ широк процес на учество и консултации на сите релевантни субјекти, вклучувајќи ги организациите на работодавачи и синдикатите, судии, академската заедница и останати засегнати страни, нагласила Тренчевска.


Говорејќи за новиот Закон за работните односи, министерката ги потенцирала клучните новитети во оваа областа, како што се  новите форми на договори за вработување, уредување на транспарентни  и предвидливи  услови за работа, и создавање на достоинствени работни места, еднаквите можности на работниците со семејни обврски, воведување на татковско и родителско отсуство и друго.

Таа се осврнала на ефикасно функционирање на социјалниот дијалог на сите нивоа, политиките за вработување на млади, младинската гаранција, вработувањето на Ромите, долгорочно невработени ниско- квалификуваните, и лицата со попреченост како приоритетни цели.

– Социјалната економија вградена во стратешките и владините приоритети ја препознаваме како огромен потенцијал за социјална интеграција и работно интегрирање на ранливите групи на граѓани на пазарот на трудот, рекла Тренчевска.

Додала дека министерството работи на Закон за социјални претпријатија кој ќе ги уреди основните карактеристики на социјалните претпријатија, начелата и заедничките вредности на делување.

Министерката говорела и за реформите во областа на социјалната вклученост и заштита и во таа насока се осврнала на социјалната помош која е редизајнирана во гарантирана минимална помош, со цел да се задоволат минималните егзистенцијални потреби за сите што немаат доволно средства за живот.

Потоа за инвестиции во детската заштита и обезбедување на поголема пристапност во предучилишно воспитание.

 – Успешното спроведување на Националната стратегија за деинституционализација 2027 година лицата со попречност.

Како резултат на тоа, нема деца и млади во ниту една од резиденцијалните социјални установи.

Согласно со Законот за социјална заштита е воспоставен систем на лиценцирање на даватели на социјални услуги.

Досега лиценцирани се над 80  даватели на социјални услуги (здруженијата на граѓани и приватните субјекти), кои можат да ги користат над 2700, претежно стари лица, но и лица со попреченост, деца и нивните семејства, информирала Тренчевска.

Таа изразила уверување и порачала дека, како и досега, така и во иднина ќе продолжат со справување и надминување на предизвиците што доаѓаат со трансформацијата на економијата и пазарот на трудот, зелената транзиција, дигиталната транзиција, инвестициите во децата и младите и обезбедување вистински пристап до социјална интеграција и можности за просперитетен живот за сите наши граѓани.

  Во текот на денот, најавија од МТСП, дел од учесниците на делегацијата на РСМ ќе имаат презентации кои се однесуваат на подрачјето Трудово право. цр/нд/Фото: МТСП .

Извор: МИА