Breaking News

„Травијата“ на Верди во Национална опера и балет


– Во Националнта опера и балет вечер ќе биде изведено ремек – делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“.


Партитурата на „Травијата“ изобилува со музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот, посочуваат од НОБ.


 Диригент на претставите е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), а кореограф Саша Евтимова.

Настапува домашната солистичка екипа: Ана Дурловски, Благој Нацоски, Марјан Јованоски, Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.


Операта ќе има изведба и на 31 октомври. свс/мд/Фото: Национална опера и балет .

Извор: МИА