Трајан Коцев од утре директор на штипски „Исар“


Трајан Коцев од уре ја презема директорската позиција во Јавното претпријатие „Исар“-Штип. По тој повод од ЈП „Исар“ соопштија дека прес-конференција ќе се одржи во 10 часот.


Претходниот директор, Трајче Здравков замина на позицијата шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Штип. Одлуката за промена на директорската функција во ЈП „Исар“ беше соопштена пред повеќе од две недели од страна на градоначалникот, Иван Јорданов, но примопредавање немаше заради работната позиција на Коцев во Министерството за внатрешни работи. Јорданов пред неколку дена истакна дека ќе почекаат дополнително уше неколку дена за Коцев да ја добие соодветната дозвола за промена на работно место.


До сега ЈП „Исар“ функционираше без директор, но Јорданов општимистички истакна дека постојано се комуницира со раководителите на сектори. вдј/вј/