Breaking News

Тошковски: Распоредувањето на кадри во Одделот за сузбивање на организиран криминал треба да се врши согласно мерит системот


Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи каде остварил работен состанок со поширокото раководство.


Како што соопштија од МВР, на состанокот Тошковски бил запознат со делокругот на работа и со тековните активности и во тој дел бил информиран дека е извршено мапирање на критичните места за евентуални изборни нерегуларности, а биле посочени и определени предизвици со кои се соочуваат од аспект на формално-правната поставеност на Одделот, систематизацијата на работните места и организациската поставеност на единиците.


– Можам да констатирам дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал согласно спецификите на работата која ја извршува треба да биде организациска единица каде работат најдобрите и најискусни полициски службеници и распоредувањето на кадри треба да се врши исклучиво согласно мерит систем, а не било каква припадност и во таа насока во наредниот период треба да се направи кадровско реструктуирање според однапред определени објективизирани критериуми, истакнал техничкиот министер Тошковски.

цр/бак/Фото: МВР .


Извор: МИА