Breaking News

Топ чанел: Премиерите од Западен Балкан в четврток  ќе се сретнат во Тирана


Се очекува оваа недела во Тирана да се сретнат премиерите на земјите од Западен Балкан, јави Топ чанел.


-Во четврток се очекува да се одржи средба во формат „retreat“ што е во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.


Се очекува премиерите да разговараат за исполнување на договореното на изминатите средби на оваа иницијатица, додава телевизијата.

Секако, дел од разговорите ќе бидат и состојбите во регионот, особено случувањата на северот на Косово. Местото избрано за оваа средба е еден од неодамна отворените хотели во центарот на Тирана.


вт/сд/ .

Извор: МИА