Breaking News

Теренска вежба на тимови од ДЗС и од Грција за пребарување и спасување од урнатини


По повод 60-годишнината од земјотресот во Скопје под мотото „Солидарност за справување со развојните предизвици на денешницата“ денеска ќе се изведе теренска вежба за пребарување и спасување од урнатини на која учество ќе земат тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, тим од Грција, Град Скопје и Црвен крст.


Настанот ќе се одржи во Спортско-рекреативниот Центар Сарај.


 -Во рамки на настаните организирани од УНДП – Програма за развој на Обединетите нации за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, 2-та ЕМАК од Тесалоники (Специјална единица за одговор при катастрофи), во соработка со противпожарната бригада на градот Скопје, ДЗС и Црвениот крст на Северна Македонија ќе одржи демонстрација на противпожарна и спасувачка опрема за јавноста.

Влезот е бесплатен, соопштија од грчката Амбасада во Скопје. мс/са/  .


Извор: МИА