Тасевски на средба во Делегацијата на ЕУ, за случувањата во М-НАВ известена е и Светската органзиација на контролори на летање и меѓународни организац…


Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски денеска беше повикан во Делегацијата на Европската унија во Скопје по последните случувања во М-НАВ.


 Тасевски во изјава за медиумите дадена по средбата рече дека Делегацијата на ЕУ и амбасадите ревносно ги следат сите случувања и дека биле запознати со целата ситуација.


 – Тие беа премногу запознати со целата ситуација, ги разбраа нашите барања за професионализам.

Дефинтивно имавме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме и ние да функционираме. Ни дадоа поддршка за сите дејствија што ни стојат на располагање.


Жално е што ова одекна насекаде, рече Тасевски.  Посочи дека се известени сите синдикати од Европа со кои соработуваат и дека во знак на поддршка се организира посета на нивни претставници на земјава.

Известена е Светската органзиација на контролори на летање и меѓународни организации.


 – Ова веќе ги поминува гранциите од нашата држава бидејќи очигледно е дека ако останеме во рамки на нашата држава, не ја добиваме потребната поддршка во однос на она што треба да се направи за да бидеме професионална контрола на летање, рече Тасевски.

 Ги повтори следните чекори на синдикатот и најави дека доколку не се испочитуваат, од 10 јануари ќе биде затворен воздушниот простор над државата. бак/ац/Фото: Принтскрин  .


Извор: МИА