Breaking News

Тајван пријави нова кинеска воена активност во близина на островот


Тајван соопшти дека кинески воени авиони и бродови повторно се во близина на островот, при што некои од авионите ја преминале средината на Тајванскиот теснец.


Демократски управуваниот остров, за кој Пекинг тврди дека е негова територија, се жали на редовни кинески воени патроли и вежби во близина на островот веќе четири години.


Во моментов се води изборна кампања за претседателските и парламентарните избори во Тајван, кои се закажани за 13 јануари. Односите со Кина се главна тема во кампањата.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека денеска до 13:30 часот (05:30 по Гринич) забележало борбени авиони Ј-10, Ј-11 и Ј-16, како и авиони за рано предупредување, кои дејствуваат во воздушниот простор на север, централно и југозападно од Тајван.


Десет авиони ја преминале средната линија на Тајванскиот теснец или областите во негова близина, кои соработувале со кинески воени бродови за да вршат „заеднички патроли за борбена готовност“.

Средната линија на Тајванскиот теснец некогаш служела како неофицијална граница меѓу двете земји, но сега кинески авиони редовно ја надлетуваат.


Тајван испрати свои сили за набљудување, соопшти Министерството. Кина не ги коментираше своите неодамнешни воени активности во близина на Тајван.

Владата на Тајван ги отфрла тврдењата на Пекинг за суверенитет и тврди дека само жителите на островот можат да одлучуваат за својата иднина. ссм/фото: архива .


Извор: МИА