Breaking News

Тајван ја претстави својата прва подморница од домашно производство


– Тајван ја претстави својата прва подморница од домашно производство, што е голем чекор во повеќегодишниот проект чија цел е зајакнување на одбраната на островот и одвраќање на кинеската морнарица.


 Тајван, за кој Кина тврди дека е нејзина територија, ја направи програмата за домашни подморници клучен дел од амбициозниот проект за модернизација на своите вооружени сили, додека Пекинг спроведува речиси секојдневни воени вежби за да го потврди својот суверенитет.


Претседателката Цаи Инг-вен, која го почна проектот кога ја презеде функцијата во 2016 година, денеска во јужниот тајвански град Каосиунг ја покажа првата од осумте нови подморници.

-Порано, подморница од домашен развој се сметаше за невозможна задача.


Но, денеска, пред нашите очи е подморницата дизајнирана и произведена од граѓаните на нашата земја, рече Цаи, додавајќи дека ќе игра важна улога во зајакнување на способноста на морнарицата за „асиметрично војување“.

 „Дури и да постојат ризици и без разлика колку предизвици има, Тајван мора да го преземе овој чекор и да дозволи националната одбранбена политика да расте и да цвета“, рече Цаи.


Програмата се базира на експертиза и технологија од неколку земји, што претставува пробив за дипломатски изолираниот Тајван. фото: Скриншот Х .

Извор: МИА