Breaking News

Тајани: Италија со загриженост следи што се случува на Блискиот Исток


Италија со внимание и загриженост ја следи ситуацијата по испраќањето ирански беспилотни летала против Израел, објави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на мрежата Х.


„Внимателно и со загриженост следиме што се случува на Блискиот Исток.


Зборував со премиерката (Џорџа Мелони) и министерот за одбрана (Гвидо Крозето) – Владата е подготвена да се справи со секое сценарио“, рече Тајани. паг/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА