Breaking News

Тајани: ЕУ треба да формира своја комбинирана армија


Европската унија треба да формира своја комбинирана армија која би можела да игра улога во зачувувањето на мирот и спречувањето на конфликти, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.


-Ако сакаме да бидеме мировници во светот, потребна ни е европска армија. Тоа е основен предуслов за спроведување на ефективна европска надворешна политика, рече Тајани.


Според него, во свет со моќни играчи како Соединетите Американски Држави, Кина, Индија и Русија, со кризи од Блискиот Исток до Индо-пацификот, италијанските, германските, француските или словенечките граѓани mo\at да бидат заштитени само со нешто што веќе постои, а тоа е Европската Унија.

Тајани, исто така, рече дека ЕУ треба да го рационализира своето раководство и да воведе единствено претседателство наместо сегашните претседатели на политички структури како што се Европскиот совет и Европската комисија.


мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА