Tag Archives: ВЕСТИ

Унгарскиот претседател Суљок упати честитки до Сиљановска-Давкова

Пријателска честитка на изборот за претседателка на  Гордана Сиљановска-Давкова упатил претседателот на Република Унгарија, Тамаш Суљок. Во честитката на унгарскиот претседател меѓу другото стои дека тој со задоволство очекува, како што вели, да соработуваме и да ги зајакнеме нашите билатерални односи. Благодарност за честитката изразила Сиљановска-Давкова потенцирајќи ја важноста на …

Повеќе »

ЕК обезбеди 50 милиони евра макрофинансиска помош за земјава 

Европската комисија обезбеди позајмици за Северна Македонија во износ од 50 милиони евра, како прва транша од тековната операција за макрофинансиска помош за земјата, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што соопшти денеска Еврокомисијата, овие средства треба да обезбедат дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија е сериозно погодена …

Повеќе »

Ангеловска-Бежоска: Капитализираноста на македонскиот банкарски систем порасна двојно повеќе од ЦЈИЕ

И покрај шоковите од невидени размери, банкарските системи во регионот, вклучително и македонскиот, покажаа високо ниво на отпорност. Македонскиот банкарски систем не само што ја задржа стабилноста, туку и уште повеќе ја зголеми, порача гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на Годишниот форум на „Виенската иницијатива“, што се одржа во Вилнус, Литванија.   -Резултатите …

Повеќе »

Дводневна промоција во „Лаб дизајн маркет“

  Во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ денеска напладне ќе започне дводневна промоција на нови дизајнери. Покрај ова, дизајнерката Евгенија Зафировска ќе ја отвори својата архива на досегашни примероци од минатите колекции и ќе ги понуди на продажба. -Маркетот засега нуди приказ во …

Повеќе »

Трибина „Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“

„Состојбите во современиот македонски јазик: Македонскиот јазик во наставата“  е насловена трибината што по повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, денеска ја организира Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  На трибината што ќе се одржи …

Повеќе »

Џафери ќе информира за работата на техничката Влада во изминатите 100 дена

  Премиерот на техничката Влада Талат Џафери денеска ќе одржи прес-конференција на којашто ќе се осврне на работата во изминатите 100 дена.  Техничката Влада  беше изгласана на 28 јануари, 100 дена пред парламентарните избори што се одржаа завчера. Изборот на  техничката/преодна влада е согласно Пржинскиот договор за надминување на политичката …

Повеќе »

Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа

Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Северна Македонија, како и на нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова за победата во претседателската трка, јави дописикот на МИА од Белград. – Срдечни честитки до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за убедливата …

Повеќе »

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Роковите за приговори за Претседателски и Парламентарни избори до Државната изборна комисија (ДИК) завршуваат вечер во 19, односно 23:30 часот. ДИК вчера ги објави првичките официјални изборни резултати и вечер до 19 часот до Собранието треба да го достави извештајот за резултатите од Претседателските избори, по што според најавите собранискиот …

Повеќе »

Средба на началниците на генералштабовите на армиите на Норвешка и Северна Македонија

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка, генерал Еирик Кристоферсен, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, денеска во Охрид ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Церемонијата за пречек со воени почести, информираа од ГШ …

Повеќе »

Одбележување на Меѓународната недела на сестринството

– Со традиционална свечена академија, на која ќе се доделат признанијата за најхумана медицинска сестра, денеска во Скопје ќе се одбележи Меѓународната недела на сестринството што годинава се одржува од 5 до 12 мај под мотото „Нашите медицински сестри, нашата иднина, економската моќ на негата“. Настанот насловен „Инвестиција во сестринството …

Повеќе »