Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Развојни хуманитарни групи со апел до лидерите од Г-7 да не ги заборават другите кризи во светот додека се фокусираат на Украина

Развојните организации ги повикаа седумте богати индустриски земји, кои присуствуваат на тродневниот Самит во Јапонија да не заборават на другите хуманитарни кризи во светот додека се фокусираат на руската инвазија на Украина, јави ДПА. Поддршката за Украина е добредојдена и неопходна, изјави денеска Јуко Шибата од организацијата за итна помош …

Повеќе »

Ферари донираше еден милион евра помош за поплавените подрачја

– Италијанската Формула 1 екипа Ферари ѝ донираше на Агенцијата за територијална безбедност и цивилна заштита на областа Емилија – Ромања еден милион евра помош за поплавените подрачја. Обилните поплави усмртија најмалку 13 луѓе, а илјадници се евакуирани во северната италијанска област Емилија – Ромања. Дури 23 реки се излеаја …

Повеќе »

Венг: Преголема е загриженоста на Г7 за зависноста од Кина

– Кинеското Министерство за надворешни работи ја отфрли загриженоста што ја покренаа членките на Г7 за потребата да се „раздвои“ од втората по големина економија во светот. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин посочи дека не треба да се прекинат односите со Кина и Пекинг не треба …

Повеќе »

Фон дер Лајен повика на поголема воена поддршка за Украина

– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повика на поголема воена поддршка за Украина на самитот на Г7 во Јапонија. – Треба да и дадеме на Украина алатки сега успешно да се одбрани и да го врати целосниот суверенитет и територијален интегритет, им рече таа на лидерите на …

Повеќе »

Регистрирани 12 последователни земјотреси, по земјотресот од 5,1 степен на грчкиот остров Крит

– Во текот на ноќта во јужниот дел на грчкиот остров Крит биле регистрирани 12 последователни земјотреси со јачина од 3 до 4,5 степени, по синоќешниот земјотрес од 5,1 степени, според претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција (ОАСП) Ефтимиос Лекас, јави дописничката на МИА од Атина. …

Повеќе »

Мишел: Во интерес на ЕУ е стабилна и конструктивна соработка со Кина

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека е во интерес на Европската унија да одржува „стабилна и конструктивна“ соработка со Кина, додека Групата Г7 се состана за да разговара за кинеската „економска принуда“ и други грижи. Лидерите на Г7, кои од денеска го почнуваат тридневниот самит во јапонскиот град …

Повеќе »

Девет месеци по нападот со нож, Ружди првпат во јавност во Њујорк

Првпат по нападот со нож во САД во август минатата година, кој за малку ќе го чинеше живот, писателот Салман Ружди повторно се појави во јавност синоќа во Њујорк на настанот на Американскиот ПЕН. Познатиот романсиер со индиско потекло, натурализиран Американец кој живее во Њујорк, доби почесна награда од таа …

Повеќе »

Сведоци: Русите воспоставуваат позиции околу нуклеарката Запорожје

– Руски сили во последните неколку недели воспоставуваат одбранбени позиции во и околу нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, изјавиле четворица сведоци. Околу окупираниот град Енерходар, каде се наоѓа најголемата нуклеарна централа во Европа, руски војници ископале нови ровови и поставиле мински полиња. Надзорните камери во самата нуклеарна централа се …

Повеќе »

Истражување: Во Германија три пати повеќе луѓе работат од дома отколку пред пандемијата

– Приближно 12 отсто од канцелариските бироа во Германија остануваат неискористени во текот на работниот ден, бидејќи работа на далечина стана норма по пандемијата, соопшти германскиот истражувачки институт – Ифо. Тој процент е околу трипати поголем во споредба со 2019 година. Речиси празни канцеларии се најчести во секторите како што …

Повеќе »

Во Белград вечерва нов, трет, протест „Србија против насилството“

Протестот „Србија против насилството“, на кој повика проевропската парламентарната опозиција, денеска по трет пат ќе се одржи пред српското Собрание, со почеток во 18 часот, јави дописникот на МИА од Белград. На протестот засега единствено е сигурно собирањето на граѓаните, како и прошетката, а дали ќе има блокада на клучните …

Повеќе »