Breaking News

Tag Archives: СВЕТ

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент. „Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во …

Повеќе »

Иран се закани дека каква било акција против него ќе наиде на сериозен одговор

Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили. „Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и …

Повеќе »

Екстремно високи температури на површината на морето во Грција

– Од два до пет степени била повисока температурата на површината на морето во цела Грција во текот на вчерашниот ден споредбено со периодот 2008-2023 година, согласно податоците на грчкиот портал Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот пишува дека паралелно со екстремно високите вредности на …

Повеќе »

Русија и Украина два месеци преговарале со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море, според извори

Русија и Украина два месеци преговараа со Турција за договор за обезбедување безбеден транспорт во Црното Море и постигнаа договор за текст што требаше да го објави Анкара, но Украина одеднаш се повлекла. Ова го јавија турски медиуми повикувајќи се на агенцијата Ројтерс, кои имале и копија од текстот на …

Повеќе »

Бајден ја објави даночната пријава

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ја објави својата даночна пријава – традиција која беше прекината во времето на неговиот претходник Доналд Трамп. Практиката не е задолжителна, но нејзината цел е да ја зајакне довербата на граѓаните во политичките лидери. Даночните пријави ги објавуваат и кандидатите кои учествуваат на локалните и …

Повеќе »

Гроси загрижен поради можноста Израел да ги нападне иранските нуклеарни постројки

– Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси изјави дека е загрижен поради можноста од израелски напад врз иранските нуклеарни постројки, но и дека инспекциите на тие објекти ќе продолжат денеска. Тој наведе дека Иран на 14 април, еден ден по нападот врз Израел, ги затворил своите …

Повеќе »

Си му порача на Шолц дека Кина и Германија треба да бараат заеднички основи, без оглед на разликите

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска  изјави дека односите на Кина со Германија ќе продолжат цврсто да се развиваат, се додека двете страни меѓусебно се почитуваат и бараат заеднички јазик, и покрај разликите што постојат. Си, на средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој е во тридневна посета на Кина, рече …

Повеќе »

Австралиската полиција соопшти дека нападот во црквата во Сиднеј е терористички акт

– Австралиската полиција денеска соопшти дека вчерашниот напад со нож, за време на црковна служба во близина на Сиднеј, ќе се третира како терористички акт. Полицијата вчера уапси 15-годишно момче откако во асирската црква во Вејкли, околу 30 километри западно од Сиднеј, избоде со нож четири лица, меѓу кои и …

Повеќе »

САД: Долниот дом на Конгресот посебно ќе гласа за помош за Израел и Украина

Претставничкиот дом на САД следната недела ќе гласа одделно за помош на Украина и Израел, соопшти синоќа републиканецот Мајк Џонсон, повеќе од два месеци откако Сенатот ја отфрли мерката што ги вклучува двете држави. Доцна синоќа, по состанокот со републиканските претставници во Долниот дом на Конгресот, претседателот на Претставничкиот дом …

Повеќе »

Од првиот ден на судскиот процес против Трамп

Њујоршкиот судија Хуан Мерчан кој го води кривичното дело против Доналд Трамп околу исплати на Сторми Дениелс, поранешна актерка во филмови за возрасни, во судот во Менхетн го отфрли барањето на експретседателот Мерчан да се изземе и да истапи од учество во процесот. Барањето на Трамп за изземање на Мерчан …

Повеќе »