СЗО загрижена поради опасноста од ширење заразни болести во Газа


Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус изјави дека е многу загрижен поради опасноста од ширење на заразни болести во Газа.


„Луѓето остануваат масовно раселени низ јужниот дел на Газа, а некои семејства се принудени да се преселат повеќе пати“. Многумина се засолнуваат во преполните здравствени установи.


Моите колеги од СЗО и јас сме многу загрижени поради зголемената опасност од заразни болести“, напиша Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.

Тој додаде дека од средината на октомври до средината на декември биле пријавени околу 180. 000 случаи на инфекции на горниот респираторен тракт и повеќе од 136.


000 случаи на дијареа, од кои половина биле пријавени кај деца на возраст под пет години. Дополнително, забележани се шуга, варичела, осип на кожата, синдром на акутна жолтица и менингитис.

„СЗО и партнерите неуморно работат на поддршка на здравствените власти во надзорот и контролата на болестите преку снабдување со лекови и обидувајќи се да го подобрат пристапот до безбедна вода и храна“, рече Гебрејесус.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА