Breaking News

Свечена заклетва на 35 нови американски волонтери на Мировниот корпус во Република Северна Македонија


Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска 35 американски волонтери на Мировен корпус ќе дадат свечена заклетва и ќе ја почнат службата во Северна Македонија.


Од Мировен корпус информираат дека новите волонтери ќе се приклучат на групата на повеќе од 800 волонтери, коишто досега служеле во земјата.


Ова е дваесет и шестата група на волонтери што ќе живеат и работат во Северна Македонија, од отворањето на канцеларијата во земјава во 1996 година.

Групата волонтери ќе положи заклетва пред амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, по што и официјално ќе ја започнат својата служба во Северна Македонија.


фф/нд/Фото: Мировен корпус Северна Македонија .

Извор: МИА