Breaking News

Свечена академија по повод 80 години од формирањето на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ


Свечена академија по повод 80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на народно-ослободителната војска и партизанските одреди, ќе се одржи денеска од 11 часот во Музејот на македонската борба.


Организатор на настанот е Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ).


 – Создавањето на Верското поверенство се смета за одлучен и одлучувачки чекор во стекнувањето на целосна слобода на Македонија, прекинување на туѓите јурисдикции и пропаганди и создавање на долгоочекуваните услови за обновување на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква, како и увертира во формирањето на Комисијата за односи со верските заедници во 1945 година, веднаш по ослободувањето, со што се поставуваат и уредуваат односите на македонската држава со сите верски субјекти, велат од КОВЗРГ.

ир/хс/Фото: КОВЗРГ .


Извор: МИА