Breaking News

Сценаристите и студијата во Холивуд постигнаа начелен договор за прекин на штрајкот


– Холивудските сценаристи, чиј штрајк ја парализираше филмската индустрија речиси пет месеци, синоќа соопштија дека постигнале начелен договор со студијата што ќе им овозможи да се вратат на работа.


– Постигнавме начелен договор што може да доведе до нов договор за заработката, се вели во писмото на Синдикатот на холивудските сценаристи (ВГА) до членовите и се додава дека договорот се однесува на „заштита на сценаристите во сите сектори на нивните активности“.


Во писмото, во кое имале увид некои свески агенции, не се дадени детали за договорот, но се посочува дека деталите се разработуваат и оти членовите ќе го кажат последниот збор.

Неколку илјади филмски и телевизиски сценаристи на почетокот на мај побараа подобри плати, подобри парични награди за создавање хит емисии и филмови и заштита од вештачка интелигенција.


Актерите им се приклучија во средината на јули. јт/Фото: МИА .

Извор: МИА