Breaking News

Стотици загинати за неколку месеци во сливот на реката Конго поради поплави невидени со децении


Реката Конго го достигна највисокото ниво во повеќе од 60 години, предизвикувајќи поплави во Демократска Република Конго (ДРК) и Република Конго, во кои, според властите, загинале повеќе од 300 луѓе во последните месеци.


Лошото урбанистичко планирање и слабата инфраструктура оставија некои африкански земји ранливи на поројни поплави по интензивните дождови, кои стануваат се почести поради климатските промени.


Фери Муа, специјалист за хидрологија во управата за речни патишта на ДРК, рече дека неговата канцеларија сигнализирала за високо ниво на водата кон крајот на декември, предупредувајќи дека речиси целата поплавна зона на главниот град Киншаса, која се наоѓа на бреговите на реката, може да биде зафатена.

Нивото на реката вчера се искачи на 6,20 метри, малку под рекордот од 1961 година од 6,26 метри, вели Муа, додавајќи дека поплавите биле проследени со екстремно обилни дождови во внатрешноста на земјата, пренесува БТА.


„Императив е луѓето што живеат околу реката да се преселат“, рече Моуа.

Неколку населби во густо населената Киншаса во ДРК се поплавени, како и општините во повеќе од десет провинции, соопшти Министерството за социјални работи.


 Во соседно Конго, чиј главен град Бразавил исто така се наоѓа на бреговите на реката, најмалку 17 луѓе загинаа во поплавите во осум области, вклучувајќи го и главниот град, а повеќе од 60.

000 домаќинства се погодени. ссм/фото: ЕПА архива  .


Извор: МИА