Breaking News

Стопанска комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис


СООПШТЕНИЕ – “Да се поседува полиса за осигурување треба да биде еден од приоритетите на секоја одговорна компанија која сака да остварува долгорочен развој и која е одговорна во работењето како кон своите партнери, така и кон своите вработени и локалната заедница.


Осигурувањето не е трошок, туку инвестиција во сигурност и стабилност во работењето, потреба која овозможува непречен раст и развој на компаниите во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања кои можат значајно да го погодат бизнисот” смета Ралица Губерова, Претседател на Групацијата на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија.


.

Извор: МИА