Breaking News

Столтенберг: Нема промени во руските нуклеарни сили


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека Алијансата не открила никакви промени во руските нуклеарни сили и не гледа причина да ги преиспита сопствените нуклеарни сили.


„Не видовме никакви промени во нивните нуклеарни сили што би не поттикнале да ги промениме нашите сили и начинот на кој тие се распоредени.


Досега не видовме ништо што го бара тоа од наша страна“, рече Столтенберг на конференција во Норвешка, пишува „Скај њуз“.

НАТО во март ја критикуваше Русија за нејзината „опасна и неодговорна“ нуклеарна реторика, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин рече дека планира да стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.


рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА