Breaking News

Стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2024 и конкурс за Фулбрајт-програмата за академската 2025/2026


Британскиот фонд за стипендии British Scholarship Trust доделува до шест стипендии за кратки студиски престои (од еден до три месеци) за млади истражувачи од Република Северна Македонија на соодветни високообразовни и научни истражувачи институции во Велика Британија за 2024 година.


Стипендијата изнесува 1. 000 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон и 1. 200 фунти месечно за институции во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана.


Патните трошоци се на товар на кандидатите.

На веб-страницата на Министерството за образование и наука се наведени условите  за конкурирање меѓу кои е и кандидатот да не е постар од 30 години во академската година на студискиот престој.


Во објавата на МОН се наведени и документите потребни за аплицирање.  Крајниот рок за поднесување на документите е 1 март 2024.

 Министерството на својата веб-страница информира и дека во тек е Конкурс за учество во Фулбрајт студентската програма за академската 2025/2026 година.


Информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција во оваа заедничка студентска програма на владите на Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија се достапни на линковите: https://mk.

usembassy. gov/the-fulbright-scholar-competition-for-the-academic-year-2025-2026-is-now-open/ и https://mk. usembassy.


gov/the-fulbright-student-competition-for-the-2025-2026-academic-year-is-now-open/  хс/са/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА