Стапката на невработеност во Германија во декември се зголеми на 5,9 отсто


Невработеноста во Германија се зголеми на 5,9 отсто во декември од 5,8 отсто во ноември и сега е највисока од мај 2021 година, објави денеска германската Федерална канцеларија за труд со седиште во Нирнберг.


Бројот на невработени се зголеми 11-ти месец по ред, овој пат за 5. 000, на вкупно 2,706 милиони, се наведува на веб-страницата на организацијата.


Пазарите очекуваа бројот на невработени во Германија да се зголеми за дури 20. 000 во декември. На годишно ниво, бројот на невработени во Германија се зголемил за вкупно 186. 000.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.


„Пазарот на трудот продолжува добро да се држи со оглед на нивото на оптоварување и неизвесност“, коментира претседателката на Федералната канцеларија за труд, Андреа Налес. рп/Фото: МИА архива .

Извор: МИА