Breaking News

Српските парламентарци Јанко Веселиновиќ и Данијела Грујиќ ќе го прекинат штрајкот со глад по совет на лекари


Српските парламентарци Данијела Грујиќ  и Јанко Веселиновиќ  кои штрајкуваат со глад, денеска ќе го прекинат штрајкот по препорака на лекар, објави Веселиновиќ на социјалната мрежа Х.


„Јас и Даниела сме сместени во болницата на Клиничкиот центар на Војводина. Добро сме. Не грижете се, штрајкот со глад се уште не сме го прекинале, но тоа ќе го направиме денеска по совет на доктор.


Имаме едно барање за сите вас, бидете во Белград во 12:00 часот в сабота. И уште една (изборна) работа – кражбата не смее да помине“, напиша Веселиновиќ, пренесе Бета.

Грујиќ штрајкува со глад од 21 декември, а Јанко Веселиновиќ два дена подоцна, а во КЦВ беа примени во средата, поради влошена здравствена состојба.


Носителката на листата „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ веќе 11 дена штрајкува со глад, барајќи поништување на изборите на сите нивоа.

Таа за телевизијата Н1 изјави дека нејзината одлука за штрајк со глад не била насочена кон српскиот претседател Александар Вучиќ и домашните институции „бидејќи тие се соучесници, туку кон меѓународната заедница“.


Таа додаде дека планира да остане во седиштето на Републичката изборна комисија најмалку до сабота, 30 декември, кога ќе се одржат повторените избори на неколку избирачки места низ Србија, бидејќи од таму сака да го следи процесот.

зш/ .


Извор: МИА