Breaking News

Средби на Пендаровски со потпретседателката на Сенатот и со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Чешката Република, денеска во Прага одржа средби со потпретседателката на Сенатот на Парламентот на Чешката Република, Јитка Сеитлова, и со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова.


Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбите се разговараше за билатералната соработка меѓу двете држави, при што беше изразена подготвеност за нејзино продлабочување во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја меѓупарламентарната соработка.


-Претседателот Пендаровски изрази благодарност за постојаната чешка поддршка за македонските аспирации за членство во Европската Унија и придонесот на чешкиот парламент во тој контекст, се наведува во соопштението.

На средбите се разговараше и за актуелните состојби во двете држави и поширокиот регион, наведуваат од кабинетот на претседартелот Пендаровски. вг/са/ Фото: Кабинет на Претседателот  .


Извор: МИА