Breaking News

Средби на домашни и австриски компании за развој на деловната соработка


Стопанската комора на Северна Македонија и Трговското одделение при австриската Амбасада во Скопје, денеска организираат бизнис средби и презентација на австриски компании, со цел развивање на деловните односи меѓу компаниите од двете земји.


Во рамки на Австриската делегација, како што е најавено, присутни ќе бидат австриски бизнисмени, со кои македонските компании ќе имаат можност да оставарат директни средби од различни области, како што се енергетскиот, телекомуникацискиот сектор, инженерство, дизајн, заштита на животна средина и други.


На настанот што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, ќе се обратат Јадранка Аризанковска, советник за ЕУ интеграции при Стопанска комора, Јута Валтер, трговско аташе на Австрија за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, по што ќе следи кратка презентација на австриските компании и бизнис средби B2B – разговори и размена на искуства на македонските со австриските компании.

вг/ев/Фото: МИА Архива .


Извор: МИА