Breaking News

Средба на Тошковски, Буши и Бојмацалиев со британскиот амбасадор Лосон


Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, заменик министерот Назим Буши и дополнителниот заменик министер Митко Бојмацалиев денеска оствариле работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Метју Лосон, соопштија од МВР.


На средбата министерот Тошковски упатил на продлабочување на соработката меѓу полициските органи на двете држави, за поефикасно делување во сузбивањето на меѓународните опасности по јавната безбедност и на меѓународниот криминал со акцент на поефикасна и поефективна  борба против организираниот криминал.


– Накратко го запозна амбасадорот Лосон за функционирањето на Министерството за внатрешни работи во техничката Влада, кое има голема одговорност во спроведувањето на изборите кои ни претстојат.

Во таа насока, улогата на МВР е законито и професионално постапување во организирањето и спроведувањето на фер и демократски изборен процес.


Во тој контекст, министерот Тошковски укажа на неможноста согласно Закон во рамки на 15.

раководни работници во министерството да назначи началник на СВР Тетово, со што се нарушува можноста да биде гарант на изборниот процес за тоа подрачје, се наведува во соопштението.


 Тошковски ги образложил преземените мерки со цел ублажување на процедурите за вадење на лични документи со цел граѓаните да можат на еден достоинствен начин да дојдат до својот личен документ.

Во тој контекст укажал и на почитување на правните процедури во однос на рокот на важност на патните исправи, ставајќи се во улога на заштита на човековите права во однос на слободното движење на граѓаните.


На средбата, амбасадорот Лосон ја потенцирал улогата на Министерството за внатрешни работи како гарант за безбедни, фер и демократски избори.

– Воедно ја поздравил успешната билатерална соработка меѓу двете држави и министерства за внатрешни работи, ставајќи притоа акцент на тековните проекти од аспект на зголемување на капацитетите на македонската полиција и унапредување на оперативната соработка во областа на организираниот криминал,с е вели во соопштението.

 Дополнителниот заменик министер Бојмацалиев се заблагодарил за досегашната соработка со Обединетото Кралство, особено за остварувањето на можноста за признавањето на возачките дозволи.

Нагласил дека раководството на МВР во овој состав на техничка Влада, засега функционира професионално и законито, без политички влијанија, со што се потврдуваат заложбите за организирање фер и демократски избори.

цр/са/Фото: МВР  .

Извор: МИА