Breaking News

Средба на техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски со грчката амбасадорка Филипиду


Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава Софија Филипиду.


На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.


Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање. сст/са/Фото: МВР .

Извор: МИА