Breaking News

Средба на техничкиот министер Велковски со претставници од Светска Банка


Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со претставници од Светска банка, Сара Кол Блек, виш специјалист за социјална заштита во глобалната практика за социјална заштита и работни места и Бојана Нацева, виш специјалист за обрзование.


Како што информираат од МТСП, за време на средбата се дискутираше за тековните проекти кои се реализираат со поддршка на Светска Банка, како и за идни заеднички проекти.


-Велковски истакна дека неговите приоритети како министер ќе бидат унапредување на социјалните услуги, проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на предучилишните услуги, како и имплементирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

Соговорниците на средбата потенцирале дека меѓусебната соработка и понатаму ќе продолжи, пред се, како што рекле, во интерес на повисок животен стандард, унапредување на правата и заштита на сите категории на граѓани во државата.


сст/дма/Фото: МТСП .

Извор: МИА