Breaking News

Средба на Пендаровски со Викторија Билинг, директорка за Европа во британското МНР, Комонвелт и развој


Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Викторија Билинг, директорка за Европа во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.


Како што соопшти Кабинетот на претседателот, двајцата соговорници разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, регионалните предизвици, соработката во НАТО Алијансата, како и за европската перспектива на Северна Македонија.


На средбата беше реафирмирано долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната британска поддршка и успешната соработка во повеќе области, стои во соопштението.

Во таа насока, претседателот истакна дека процесот на европската интеграција на земјава и натаму претставува главна движечка сила за трансформација на општеството, којшто позитивно влијание врз стабилноста и развојот на целиот регион.


нд/ .

Извор: МИА