Breaking News

Средба на новата директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Лескаровска со Советот на Агенцијата


На денешната средба, претседателот на Советот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, г-дин Аркан Керим и ја честиташе директорската позиција на м-р Јасмина Лескаровска.


На почетокот од нејзиниот мандат еден од приоритетите е итно свикување на Советот на АППТ, со цел запознавање на членовите на Советот со затекнатата состојба во институцијата и годишниот план за работа, со силна волја за враќање на комуникацијата со туристичкиот сектор.


.

Извор: МИА