Breaking News

Средба на Мицкоски со МАСИТ, се бара предвидливост на политиките


ИТ индустријата бара предвидливи политики за да може да го планира својот бизнис.


Ваква порака била пренесена на денешната средба на раководството на Стопанската комора за информатички технологии – МАСИТ со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.


Мицкоски по средбата изјави дека се работи за значајна гранка во економскиот развој на државата и дека треба да се креираат политики базирани на искуство.

Барањата на МАСИТ, според Мицкоски, се разумни и логични во однос на информирањето при носење на законските решенија што, како што рече, не било случај во изминатите години.


 – Најважно е кога ќе водите политика базирана на искуство, а не политика базирана на чувства.

Сигурно луѓето кои се во ИКТ индустријата и МАСИТ комората имаат поголемо искуство од нас политичарите и кога разговараме, разговаравме врз основа на искуства и факти, изјави Мицкоски.


Како што рече, се работи за значајна индустрија која опфаќа околу 20 илјади регистрирани вработени, околу 3.

000 илјади правни субјекти, обрт приходи повеќе од 1,3 милијарди евра на годишни ниво и извоз повеќе од половина милијарда евра.


Одговарајќи на новинарски прашања кои економски чекори ги планира, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека најважно е земјава да стане функционална држава.

 – Мора да имаме институции што ќе бидат ослободени од криминал и корупција.

Луѓето кои ќе ги водат тие институции да бидат чесни, со визија и план како да ги управуваат тие институции, а да не прострујува во јавноста сомневање за криминал и корупција поврзан со луѓето кои ги водат тие институции, рече Мицоски.

Повтори дека во изборната програма имаат силни адути, а еден од нив, според него, е во делот на децентрализација на средствата од Буџетот кон локалните единици на самоуправа каде се планирани 250 милиони евра годишно.

– Ние не сме чудотворци.

Чуда се невозможни, јас тоа сум го кажувал многупати, го повторувам и сега, но навистина имаме програма што нуди развој и држава којашто ќе биде средена и функционална, нешто што е спротивно од ова што сега е Македонија, рече Мицкоски.

Претседателката на Управниот одбор на МАСИТ, Анета Пешева ја оцени денешната средба како успешна, псоочувајќи дека следуваат средби со политичките партии, учесници во кампањата.

– Мислам дека разговаравме за работи клучни за ИТ индустријата, бидејќи ИТ индустријата има неверојатен пораст, годишно скоро по 30 проценти на секое поле во вкупните приходи, во платите, така што мислам дека оние што ќе бидат на власт во иднина треба да посветат внимание на развојот на ИКТ секторот, рече Пешева.

ам/бак/Фото: МИА и ВМРО-ДПМНЕ      .

Извор: МИА