Breaking News

Средба на министерот Алиу со австрискиот амбасадор Памер


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу  денеска остварил средба со амбасадорот на Австрија Мартин Памер, кого го запознал со проектите на  МИОА во областа на дигиталната трансформација и реформите во јавната администрација.


Како што соопшти МИОА, Алиу и Памер разговарале и за продлабочување на соработката во областа на технологијата и иновациите.


-Ја истакнавме соработката во размената на искуствата, проектите од областа на технологијата и најдобрите практики од Австрија, земја која е позната по нивото на технолошкиот развој и напредната јавна администрација, истакнал Алиу.

Јавната администрација на Австрија, според министерот, може да биде важен извор на знаења и практики кои ќе и помогнат на нашата земја во подобрување на системите на јавната администрација и процесите на дигитална трансформација.


хс/аа/ Фото: МИОА .

Извор: МИА