Breaking News

Средба на министерот Алиу со амбасадорката на Швајцарија, Улман


Дигиталната трансформација, реформите во јавната администрација, корупцијата, иновациите и соработката биле теми на средбата на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Вероник Улман.


Како што соопшти МИОА, Алиу и Улман разговарале за можностите за соработка во развојот на технологијата и дигитализацијата, за решавање на предизвиците и создавање нови можности.


-Ми беше задоволство да ја пречекам амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Вероник Улман Марти, со која разговаравме за можностите за зголемување и зајакнување на соработката меѓу нашите две земји.

Ја информирав за проектите коишто Министерството за информатичко општество и администрација ги реализира во секторот дигитализација со цел подобрување на квалитетот на јавните услуги за граѓаните, за реформи во јавната администрација, како и поголема транспарентност на институциите, истакна Алиу.


Исто така, било разговарано и за можностите за соработка во проекти кои ја подобруваат технолошката инфраструктура на локално и централно ниво.

-Блиската соработка со Швајцарија ќе помогне во подобрувањето дигиталната трансформација во Северна Македонија и координација на активностите на локално и централно ниво за да се постигнат целите поставени во оваа област, овој чекор што ќе го промовира движењето на граѓаните и понатамошниот развој на нашата земја, изјави Алиу.


МИОА во соопштението нагласува дека соработката во дигиталната трансформација е комплексен предизвик, но многу важен за напредок и подобрување на општеството и економијата во дигиталната ера.

хс/лв/Фото: МИОА .


Извор: МИА