Breaking News

Средба на директорите на македонската и албанската агенција за странски инвестиции и промоција на извозот


 Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија, Газменд Абдија, денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската агенција за развој на инвестиции, АИДА, Сокол Нано.


-Средбата се одржа во рамки на напорите за продлабочување на соработката меѓу институциите.


За време на средбата, соговорниците го споделија своето искуство за олеснување и привлекување странски инвестиции, како и за реализација на заеднички инвестициски проекти, објавија од кабинетот на Нано.

Според истиот извор, соговорниците  се договориле за организирање на иден состанок во Скопје, со цел одблиску да се запознаат со работењето на Инвест Северна Македонија (Invest North Macedonia) како и со работата на слободните економски зони во Северна Македонија”.


Според податоците објавени од албанскиот  Институт за статистика (ИНСТАТ), трговската размена со Северна Македонија изнесува 12,5 милијарди лека (колу 120 милиони евра)  во првите 4 месеци од годинава.

вт/лв/ФОТО: АИДА .


Извор: МИА