Breaking News

Средба на Бесими со Јан Копман и Матуела од Директоратот за проширување 


Република Северна Македонија во континуитет спроведува реформи кои се дел од исполнување на евроатланската интеграција.


Со почетокот на преговорите од минатата година  има нова динамика во спроведување на реформите, иако дел од енергијата беше насочен кон справување со предизвиците од енергетската и ценовната криза.


Земјата продолжува по реформскиот пат, кој е висок приоритет во владините програми и заеднички усогласен со Европската унија преку Економскиот и финансиски дијалог и ги зајакнува капацитетите за спроведување на тие реформи.

Ова беше посочено на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими во Скопје со генералниот директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување на ЕК Герт Јан Копман и директорката во Директоратот Михаела Матуела.


.

Извор: МИА