Breaking News

Средба Муцунски – Вал, потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска се сретна со Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.


Како што соопштија од МНР, на средбата била потврдена континуираната и долгогодишна соработка со ОБСЕ во различни области опфатени со мандатот на Мисијата.


-Соговорниците разменија мислење за актуелните аспекти од работењето на Мисијата на ОБСЕ и во таа насока заеднички беше реафирмирана определбата за продолжување на активностите и натамошно фокусирање на проектите во поддршка на реформските процеси на новата Влада, стои во соопштението.

вг/аа/Фото: МНР .


Извор: МИА